Постигнат договор меѓу партиите- изборите остануваат на 24-ти април

ВЕчерва после полноќ партиските лидери ги договорија деталите околу спроведувањето на договорот од Пржино. Според информации на Прес24 најголемата битка вечерва се водела околу датумот за одржување на парламентарните избори.

Заев по секоја цена инсистирал на пролонгирање на роковите и одложување на договорениот датум но ВМРО-ДПМНЕ не дозволило да дојде до измени. Договорено е изборите да се одржат на 24 април 2016-та година.

За време на преговорите жестока била кавгата помеѓу припадниците на радикалното крило на СДСМ блиско до СОРОС кое по секоја цена инсистирало на конфликт за да се избегне изборно соочување поради свесноста за нискиот рејтинг на Заев и СДСМ, и крилото кое немало избор на овие преговори.

Според извори блиски до преговорите, најголем проблем биле превисоките очекувања кои ги поставило раководството на СДСМ. 

Прашањето околу кое партиите во преговорите влегоа со дијаметрално спротивставени ставови беше прашањето МВР односно за ингеренциите на идниот министер. Според вечерашниот договор министерот за внатрешни ќе има врзани раце за вршење кадровски измени односно ќе може да менува само доколку лицето сторило законски прекршувања.  Доколку пак некој биде сменет, ќе се постави и лице на предлог на замникот министер од ВМРО-ДПМНЕ кое ќе работи со врзан потпис со кадровското решение на СДСМ.

Законот за бомби е договорено да биде усвоен а со него да се забрани објавување на незаконски прислушувани разговори и да се утврдат казни за оној кој објавува но и за изворот. За деталите од законот ќе биде консултирана и Венецијанската комисија.

Околу кадровските решенија Груевски му оставил на Заев целосна слобода но инсистирал да се работи за личности активни во политиката за да во случај на несоодветно извршување на функцијата покрај законска постои и политичка одговорност.

Било договороено министерството за внатрешни да го предводи Оливер Спасовски од СДСМ, министер за труд и социјала да биде Фросина Ременски од СДСМ, заменик во финансии да биде Кире НАумов, заменик во земјоделие да биде Љупчо Николовски, заменик во минситерството за информатичко општество да биде Александар Кирацоски.

 

 
 
06.11.2015 - 01:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега