Моментот кога дознав дека сопругот ме изневерува

Приказна во која можеби секоја изневерена девојка ќе се пронајде, тоа е тој момент кога сфаќаш дека те изневерува. 

Никој не сака да биде параноичен и секоја промена во однесувањето на партерот се протолкува како мотив за сомнеж и знак за неверство, но исто така не треба да се затвараат очи пред повторените докази кои стигаат само од себе. 

Психолозите тврдат дека човечката интуиција е многу моќна него што си мислиме, а стравот од повреденост и промена како и тешко прифаќање на фактот дека нивниот партнер е таков се три главни причини поради кои луѓето замижуваат на трагот на изневерувањето. 

Понекогаш е доволно само објективно да се внесеме во ситуацијата, како да се работи за ваш пријател или пријателка.

Ова се примери како луѓето сфаќаат, или подобро кажано конечно признале на себе си дека нивниот партнер ги изневерува. 

- Моментот кога дознав дека ме изневерува беше на денот на роденденот на нашата ќерка. Целата роденденска забава ја помина во соба со телефонот во рака. И претходно се сомневав, но секогаш ме правеше луда бидејќи така сум го изразувала незадоволството на неговиот однос со колешките. Си праќаа пораки еден со друг по цел ден, па дури и во ноќта. Сфатив кога ја пронајдов сметката од кредитната картичка, ги видов трошоците од некој хотел. Кога му ги раскажав овие сомнежи тој мене ме обвини како не сум го почитувала и дека е болно тоа што сум му го проверувала телефонот, по долго убедување ми призна дека долго време бил во врска со неговата колешка. 

 

 

 

 

 

 

 
 
05.11.2015 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега