Хороскопот открива зошто не сте во врска

Овен - Најголемата маана на Овните е тоа што лошо се бакнуваат и со самото тоа на почетокот на врска го одбиваат партнерот.

Бик - Бикот е сам зошто се плаши од врзување и тоа јасно им го покажувана сите потенцијални романтични кандидати.

Близнaци - За Близнаците не постои никој друг освен тие самите.

Рак - Ракот понекогаш умее повеќе да се опушти и да ја занемари личната хигиена. Со други зборови, сам е поради тоа што лошо мириса.

Лав - Наспроти сета таа самодоверба и страст, Лавот има еден голем проблем – сето тоа паѓа во вода кога треба да и прати порака на симпатијата. Можеби е  кралот на џунглата, но Лавот едноставно не знае чувствата да ги  преточи во порака.

Девица - Девица е импулсивна, има големи барања и не знае баш да одглуми некоја емоција кога тоа е потребно.

Вага - Премногу се наметнуваат, а тоа не е нешто што е пожелно. На партнерот едноставно не му остава простор ниту да земе здив, а камо да се чувствува пријатно во врската.

Скорпија - Скорпијата секогаш е во брзање и гужва, толку е зафатена што нема време да ги измие забите. Затоа и не за чудење што е сама. Нема шанси врската да стане нешто посериозно по првиот  бакнеж со таквиот здив.

Стрелец - Стрелецот е сам бидејќи е пребирлив. Организирање романтична вечера на првиот состанок за него е вистински пекол бидејќи не може да се реши дали симпатијата да носи на италијанска, француска или домашна храна. А никој не може  да има толку трпение и да го чека да се одлучи.

Јарец - Модните избори на припадниците на овој знак се крајно  дискутабилни  и секогаш оставаат впечаток на незрела личност која не е подготвена на одговорност како  и личност која не знае како да се потруди поради  партнерот. Со тој моден избор никогаш нема да стигне до вториот состанок.

Водолија - Сарказмот на Водолиите ретко кој може да го препознае. Всушност, понекогаш може да биде напорно да се води разговор со нив така што речиси сите се откажуваат по само неколку реченици.

Риби - Рибите не го сакаат сирењето, а секој кој не сака сирење не способен да сака било што друго.

Извор: Курир 

 
 
05.11.2015 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега