Кој е крив за лагите на Заев: Пресметка меѓу опозиционите новинари

Еден од креаторите на опозиционите политики Бранко Героски ја обвини Teлма дека го урнисала Зоран Заев помагајќи му да ги пласира лагите за време на посетата во Израел.

Во последната од серијалот колумни на Героски кои сведочат за се поголемите несогласувања во опозициониот табор, уредникот на Плус Инфо и Слободен Печат го напаѓа Боби Христов од Телма за „непрофесионално известување“ од посетата на Израел. Токму Христов и Телма ја следеа кратката куртоазна екскурзија на лидерот на СДСМ.

 

Нервозата на Героски не е насочена кон Заев кој е изворот на лагите подоцна демантирани од официјален Тел Авив, туку е насочена кон новинарот кој го следи за време на посетата. 

Христов одговорноста ја префрла на Заев стоејќи на ставот дека официјален Израел ги демантирал лагите на Заев и СДСМ, а не на неговиот новинарски труд.

hristov

Пресметката меѓу опозиционите медиуми се чини дека допрва започнува

 
 
05.11.2015 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега