ВИДЕО: Навивачи на Црвена Ѕвезда брутално нападнаа Хрвати - 15 повредени

Навивачите на Црвена Ѕвезда, денес, брутално претепаа фанови на Динамо Загреб, пред аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина.

Во тепачката се повредени 15 Хрвати, додека двајца се избодени со нож. Еден е во критична состојба, тврдат медиумите.

Тепачката се случила околу 12 часот, кога околу 75 навивачи на Црвена Ѕвезда, со помош на фановите на Олимпијакос, нападнале 35 лица од Загреб, кои се враќале од синоќешниот натпревар на Лигата на шапмиони во Атина.

Погледнете го видеото снимено пред аеродромот:

 
 
05.11.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега