Собрани 7.000 потписи за промена на името на градскиот плоштад во Куманово од „Нова Југославија“ во „Македонија“

На иницијативата за промена на името на градскиот плоштад на Куманово од сегашниот „Нова Југославија“ во „Македонија“ се потпишале над 7.000 граѓани. И покрај поддршката од граѓаните за иницијативата,претседателот на советот на општина Куманово,Максим Димитриевски на вчерашната седница на советот одби да ја стави како точка на дневен ред, соопшти на денешната прес-конференција, советникот Валентина Јовановска, од советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, пренесе МИА.

Според советниците на коaлицијата, претседателот на советот забранува демократска расправа на теми од јавен интерес.

- Кога првпат се обративме до советот со иницијативата неговата реакција, а и на СДСМ беше дека имало поважни проблеми во градот за кои треба да се расправа, а не за името на плоштадот, па да заврши дека името Македонија само ќе ги разгорело меѓуетничките тензии,дека ќе се менувала историјата и други невистини, рече Јовановска.

Потсети дека името на плоштадот се менувало во историјата. Од

ВМРО- ДПМНЕ на денешената прес-конференија порачаа дека токму името Македонија ги обединува граѓаните на Куманово. Нагласија дека кумановци отсекогаш се бореле на страна на слободите и правата, кои, подвлеквуаат, вчера грубо и недемократски се одземени.

 
 
05.11.2015 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега