Викендов ќе се поремети сообраќајот во Скопје

Дел од улицата “Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, в недела на 8 ноември ќе биде затворена за сообраќај.

Како што соопшти Град Скопје, привремениот сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот е поради изведување на прекопи за поставување подземни инсталации.

Од Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

 
 
05.11.2015 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега