ВИДЕО: Ветувањето на Груевски стана реалност - „Костал“ ќе гради фабрика во ТИРЗ Охрид/Струга

Германска компанијата „Костал“ денеска го потпиша договорот за реализација на инвестицијата во Република Македонија. Инвестицијата првично ќе се реализира како браунфилд, а неколку месеци подоцна, односно на почетокот на наредната година „Костал“ ќе почне и да ја гради својата фабрика во ТИРЗ Охрид/Струга.

Оваа инвестиција беше најавена во март 2014 година за време на митингот на владејачката коалиција во Струга, кога премиерот Никола Груевски изјави дека малку пред почетокот на тој собир од неговите соработници добил информација дека германска компанија донела одлука да изгради фабрика за делови за автомобилска индустрија овдека во охридско- струшкиот регион.

-Тие произведуваат автомобилски делови и електроника за други индустрии и веројатно најпрво би почнал во браунфилд, во некој изграден објект, додека тиеимаат време да изградат сопствена фабрика. Како и во минатиот случај, така и овј пат немам дозвола да го соопштам нивното име и тоа ќе го почитувам, затоа што ние инвеститорите ги почитуваме и затоа што и тие нас не почитуваат. Меѓутоа, сакам вечерва да ја споделам оваа убава вест, затоа што знам дека во таа фабрика ќе се вработуваат многу луѓе и од Струга и од Охрид, рече Груевски на 24-ти март минатата година.

Планирани се 1.000 директни вработувања, а ќе има и дополнителни индиректни кои ќе бидат соработници, партнери и добавувачи. „Костал“ е компанија од автомобилската индустрија, која произведува делови за најголемите брендови на автомобили во Европа.

 
 
05.11.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега