Алфите ги фатија на дело: Бугари протерани од Македонија

СВР Скопје поднесе кривична  пријава против М.С.Е. (50) и Д.Г.М.(43) државјани на Република Бугарија за сторено кривично дело „тешка кражба во обид“.

Пријавените на 30.10.2015 година откако влегле во Македонија преку граничниот премин Деве Баир, се упатиле кон Скопје. На бул. „Френклин Рузвелт“ од патничко возило „Голф 7“, се обиделе да го одземат издувниот систем (катализаторот) .  Во моментот кога го извршувале делото биле забележани од страна на полициската единица АЛФА, по што биле приведени во ПС Центар, информираат од полицијата.

Од страна на судија на претходна постапка пријавените биле протерани од државата и им бил забранет влез во РМакедонија.

 
 
05.11.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега