„Јас сум грешник“ - калуѓерка фатена со 1,83 промили алкохол!

Полицијата останала шокирана кога застанале автомобил кој одел цик-цак по патот, пишува “24sata.hr”.

Пијаните калуѓерки се враќале со роденденска прослава, а таа што го возела автомобилот Шкода Фабија рекла дека и “таа е грешен човек”.

„Јас сум грешник на кој Бог погледна. Ми се случи, затоа што и јас сум грешен човек. Знаете што рекол папата Фрањо на прашањето: ‘кој си ти?’. Рекол: ‘Јас сум грешник кој Бог го погледнал’. Истото го велам и јас, јас сум грешница која Бог ја погледнал”, рекла пијаната калуѓерка во чија крв биле измерени 1.83 промили алкохол.

 
 
05.11.2015 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега