Четворица пешаци повредени во Скопје

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 12 сообраќајни несреќи.

Од нив, осум се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица пешаци.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Кочо Рацин“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар со учениците од четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 
 
04.11.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега