Момче и девојка мртви во Битола: Што се случило во хотелската соба

Како починале 33 годишниот маж и 27 годишната девојка во хотелот во Битола?
Ова е прашањето на кое утрово, битолската полиција не сакаше да даде никаков одговор. Од таму само потврдуват дека вработени во хотелот пријавиле дека во една од собите има 2 мртви лица. Според информациите, станува збор за двајца битолчани кои на 24 октомври ја изнајмиле собата. Нема информации за нивниот идентитет, ниту пак за тоа во какви околности настапила смртта. Полицијата не открива дали станува збор за насилна смрт, самоубиство или пак нешто друго.
Битолчани информацијата за смртта на нивните сограѓани утрово ја примија во шок и неверување. Се уште никој не знае како двете лица починале во хотелската соба. 

 
 
03.11.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега