МТСП: Соопштението на ПЦЕР е обид за груба манипулација и наметнување на измислени теми

Министерството за труд и социјална политика реагира во врска со соопштението на Партијата за целосна еманципација на Ромите испратено до медиумите со наслов “ПЦЕР бара социјална помош за сите вратени азиланти”, а кое претставува груба манипулација и наметнување на измислени теми за замајување на граѓаните, се вели во соопштението на МТСП.

Во продолжение Ви го пренесуваме целиот текст интегрално:

Имено, во Законот за социјална заштита конкретно е определено како се остварува правото на еднократна парична помош и  секој граѓанин може да поднесе барање за ова право и надлежниот Центар за социјални работи врз основа на утврдениот социјален ризик ќе определи соодветен облик на социјална заштита.

Исто така, и социјалната парична помош се остварува во согласност со Законот за социјална заштита според утврдени услови и критериуми, а статусот азилант воопшто не е законска пречка за повторно остварување на правото на социјална парична помош.

Доколку лицето кое претходно ја напуштило државата и повторно се врати, може да аплицира во Центарот во социјална работа и да оствари право на социјална парична помош ако се исполнети сите услови и критериуми согласно со Закон.

Токму затоа цениме дека лиферуваното соопштение до медиумите од страна на ПЦЕР е само обид за собирање на ситни дневно политички поени.

 
 
02.11.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега