Пожар во затворот во Тетово - четири лица повредени

Синоќа избил пожар во подрумските простории на затворот во Тетово, при што четири лица се повредени. Пожарот избил во просторијата каде што била сместена котларницата од системот за затоплување на објектот, а го гаселе две противпожарни возила и пожарникарите успеале да го изгаснат и да спречат негово проширување низ целиот објект.

Пожарот избувнал во моментот кога се вршела поправка на системот за греење која ја спроведувале мајстори и дел од затворениците.

Четири лица кратко време биле згрижени во тетовската болница зошто вдишале чад, по што се вратени назад во затворот.

 
 
30.10.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега