Денеска дожд: Какво време не чека за викендот?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, само во западните делови значително облачно и со услови понекаде да се појави слаб краткотраен дожд. По одделни котлини, особено на југоисток ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до 10, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура до три степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Следува подолг период на стабилно и суво време. Утринските температури во следните денови полека ќе опаѓаат. До сабота наутро по одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, кои преку денот ќе слабеат. За време на викендот ќе започне да дува североисточен ветер и оваа промена малку ќе ги покачи утринските температури и ќе ги намали условите за појава на утринска магла.

 
 
29.10.2015 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега