Силувал девојка со пречки во развојот, па побарал шницла

Томислав успеал да ја измами девојката која била со пречки во развојот, која е на ниво од дете од десет години и ја убедил дека мора да спие со него, заканувајќи и се на никого ништо да не каже. Јадната девојка не сватила што се случува, не повикала ниту помош, а ужасот кој и се случил го открила следното утро нејзината мајка кога ја видела крвта на чаршавите. По апсењето, Томислав на семејството и рекол дека ништо не се случило и побарал да му донесат шницла и вода во притвор. 

Нејзините родители кои живееле во соседната куќа во истиот двор не слушнале ништо, а Томислав често пати поминувал од кај девојката да побара пециво и другипродукти. Девојката откако го препознала му ја отворила вратата, а потоа почнал да и зборува разни глупости и да ја убедува знаејќи дека девојката е со пречки во развојот. Не знаејќи што се случува таа не се спротиставила ниту пак вриштела. Ја заклучил вратата, го угаснал телевизорот, а потоа почнал да ја силува неколку пати.

 

најчитано сега