На гостиварчанец му го украле вештачкиот колк

Дваесет и едногодиниот О.С од гостиварското село Чегране, завчера пријавил кражба во куќата на неговиот роднина М.С, времено вработен во странство.

-Откако насилно ја отвориле влезната и вратите од спалните соби на катот, крадците целосно ја пребарале внатрешноста на куќата и од дрвен сандак на приземјето одзеле протеза од десно стапало и шипка од вештачки колк, изработени од сребро и позлатени со бело злато. Протезата и колкот му биле вградени на починатиот татко на сопственикот на куќата кој ги чувал за спомен, а нивната вкупна вредност привично се проценува на околу 120 илјади денари, информираат од СВР Тетово

Полицијата извршила увид, и се работи на расчистување на кражбата.

 
 
26.10.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега