Дилема: Дали ќе ослабете ако не јадете леб?

Ако планирате да го намалите внесувањето на леб или потполно да го исфрлите, еве кои промени може да ги очекувате.

Лебот може да ви обезбеди витамин Б и железо. Меѓутоа, доколку јадете во големи количини, внесувате и доста калории и веројатно дека ќе добиете некој килограм плус.

Ако се прашувате дали ќе симнете некој килограм ако не јадете леб, тоа пред се зависи од тоа колку јадете до сега.

Белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 по парче, додека интегралниот леб содржи 247 калории, а едно парче 74.

Не се препорачува лебот целосно да се исфрли од исхраната, но не треба да се јаде со секој оброк, доколку сакате да ја намалите тежината. Препорачливо е и да бидете физички активни минимум 30 минути дневно.

 
 
26.10.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега