Проверете дали утре ќе останете без вода
Од 9 часот утре без вода ќе бидат корисниците од адвокатската улица, Министерство за надворешни работи и основното училиште „Кирил и Методиј“ во општина Центар.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Филип Втори Македонски“ без број, до МНТ. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работите.
26.10.2015 - 10:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа