ФОТО: Физиотерапевтот Марко го претепала 80-годишна пациентка
80-годишна пациентка во Лазаревац претепала физиотерапевт. Се работи за Марко Цветковиќ, вработен во Здравствениот Дом во Лазаревац. Старицата го удирала по главата 33-годишниот вработен, на 20 октомври, додека тој бил прва смена.
Таа се изнервирала бидејќи помислила дека физиотерапевтот во ординација преку ред викнал друга пациентка. Таа прво се скарала со него, а потоа започнала да го удира по глава.
- Бабата влезе и почна да го удира. Беше мала по раст но добро му се нафрли, вели пациент кој бил сведок, за српскиот Курир.
Марко е шокиран. Вели дека таа пациентка кај него доаѓа со години и може да му биде баба. Не знае зошто толку се изнервирала кога не ставил во ординација никој преку ред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа