Уште еден смртен случај во гевгелиската болница: Почина детенце

Уште еден смртен случај во гевгелиската болница. Околу 3 часот и 30 минути вчера починало 14 годишно девојче од Миравци. Семејството за трагедијата го обвинува персоналот во гевгелиската болница. Тие и покрај серизоноста на ситуацијата, биле неажурни и не ја испратиле пациентката за Скопје.

Според роднините на девојчето тоа починало додека го чекало болничкото возило кое доцнело цел час. 

Од друга страна, наспроти обвинувањата на семејството, од болницата за Пресс24 велат дека девојчето било донесено три часа откако дома испило лекови и било во исклучително тешка коматозна состојба. Докторите уверуваат дека направиле се што било во нивна моќ.

 

 

 
 
26.10.2015 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега