Викендов безброј сообраќајки и трагедии: Детенце го загуби животот во Скопје

 Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 43 сообраќајни незгоди.

Продолжениот викенд беше полн со трагедии кои ја потресоа Македонија. Во Скопје одекна веста за смртта на 11-годишното девојче кое беше прегазено во скопската населба Влае, која дефинитивно остави длабока тага. Полицијата во текот на викендот регистрирала 43 сообраќајки на подрачјето на главниот град.

Во четвртокот сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди во кои со повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден возач на мотоцикл, додека четири од нив поминале само со материјална штета. Исто така, во 16 часот и 5 минути на булеварот „Крсте Мисирков“ се случила несреќа во која учествувале автобус и пешак, во која пешакот се здобил со тешки повреди, а потоа во 19 часот и 10 минути на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „фијат уно“ прегази пешак кој се здоби со тешки повреди.

Во петокот сообраќајната полиција изврши увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Една од нив се случила во 18 часот на крстосницата од улиците „Ф. Рузвелт“ и „Дрезденска“ во која учествувало патничко моторно возило „фијат“ и пешак. Како последица на незгодата со тешка телесна повреда се здобил пешакот.     

Саботата беше крвава за Македонија. Извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои седум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и двајца пешаци. Трагедијата која ја потресе Македонија се случи токму овој ден во 15 часот и 27 минути на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“, ул. „Ангел Динев“ и ул. „И. Маџовски“ во која учествувало товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје, роден 2004 година. Како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и истиот им подлегнал на повредите на лице место.

Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Навистина тежок викенд за Македонија.

 

 
 
26.10.2015 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега