Црн викенд во Македонија: Загинаа дете и младо момче - трагедиите се нижат

Продолжениот викенд кој е воедно и последен продолжен викенд годинава ќе го паметиме како еден од најкрвавите во Македонија. Во текот на изминатите три дена се случила поголем број трагедии кои ја потресоа јавноста.

Вчера попладне во Влае, на раскрсниата на улиците Адолф Циборовски“, „Андреј Димов“ и „Стефан Филиповиќ“  камион усмрти 12 годишно девојченце кое со мајката се враќало од пазарување. За жал, детето починало на местото на настанот, бидејќи камионот буквално со три тркала поминал преку него. 

По оваа огромна трагедија, осум лица од кои три жени и 5 малолетни деца беа повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар-Трбиново-Падалиште, кога вчера во 19 часот автомобил Хјундаи со гостиварски ознаки управувано од 33-годишната М.Н. од Гостивар, од непознати причини изгубило контрола, излетало од коловозот и се превртело во длабока бездна.Со нив имало и бебе.

Исто така, едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајна незгода што синоќа се случи на регионалниот пат Охрид – Струга. Незгодата се случила околу 20 часот кога патничко моторно возило „Фијат караван“ од засега непознати причини излетало од патот, близу Еврохотел. Се работи за 29-годишно момче кое починало на лице-место.

Во текот на вчерашниот ден уште еден настан ја потресе Македонија. Маж од Неготино го загуби животот додека работел. Се работи за 68-годишен неготинчанец кој починал кога управувал со трактор пред семејната куќа, паднал, се удрил во главата и завршил под тркалото на возилото.

Навистина ова е ужасен викенд за Македонија.

 

 
 
25.10.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега