Се работи на унапредување на реформите во образованието

Министерството за образование и наука работи на унапредување на концептот на екстерното тестирање и воопшто на сите реформи, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристоски.

- Впрочем, како што и најави претседателот на Владата, ние во следниот период ќе реализираме голем број средби на микро ниво по училиштата со учениците, со наставниците и со родителите, така што планот ни е да се дискутира по однос на квалитетот на сите реформи во образованието и да ги добиеме сите сугестии, па, потоа и ние ќе продолжиме со креирањето на нашите политики, рече тој.

Премиерот Никола Груевски синоќа најави дека во следниот период високи државни функционери ќе ги посетат училиштата, ќе разговараат со учителите, со учениците, со родителите, и ќе ги слушаат нивните предлози и забелешки во врска со рефотмите во образованието вклучувајќи го и екстерното тестирање. 

 

 

Оцени ја веста

24.10.2015 - 14:14
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега