Поранешниот тим на Кире Лазаров, Атлетико Мадрид заминува во историја

За жал се потврдија наводите кои излегоа во јавноста пред одреден период за крајот на шпанскиот ракометен клуб Атлетико Мадрид. Поранешниот клуб на нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров пушти соопштение во јавноста дека во наредниот период нема да настапуваат во АСОБАЛ лигата и Лигата на шампиони. Клубот стоеше катастрофално на финансиски план и поради неадекватната поддршка од градот на истиот му дојде крајот. Тимот кој зрачеше на европската сцена ја изгуби битката. Сиудад Реал беше поранешното име на Атлетико Мадрид и токму пред две години со преминувањето во шпанската престолнина се спаси од пропраст, но за жал сега му дојде крајот.