ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку Хелсиншки комитет се обидува да се извади од скандал

СДСМ се обидува преку својата партиска инсталација наречена „Хелсиншки комитет“ да се извади од скандалот за кој известија медиумите, а во кој се гледа дека СДСМ активно бил вклучен во организирањето на вчерашниот протест на т.н. средношколски пленум, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Оваа продолжена рака на СДСМ денес доби задача во име на својата матична партија да изнесува невистини и да се обиде да ја манипулира јавноста.

Хелсиншкиот комитет го сочинуваат лица кои се или дел од СДСМ или лица од платниот список на СОРОС, како на пример Љубомир Д. Фрчковски, Сашка Цветковска, Мери Јордановска, Борјан Јовановски, Алберт Муслиу, Петрит Сарачини и слични на нив. Оваа групација на партиски инструирани кадри на СДСМ ниту има кредибилитет, ниту има морално право да излегува во јавноста и да глуми група на загрижени експерти.

Во СДСМ и нејзините ограноци како што е Хелсиншкиот комитет очигледно владее видна нервоза за неуспехот на протестот кој толку долго го организираа, па покрај притисоците, потплатувањата, носењето ученици од други градови и бројните возрасни активисти на СДСМ, на овој настан не успеаа да донесат ни 300 лица.

Ова е очекуван епилог бидејќи народот, а особено младите го прочитаа обидот на СДСМ да ги исполитизира овие теми за тесно партиски интереси. Ваквите провидни обиди на СДСМ и нивните инсталации како т.н. „Хелсиншкиoт комитет“ се за секаква осуда и треба еднаш за секогаш да ги тргнат рацете од политизирањето на средношколците.

Наместо Хелсиншкиот комитет да го осуди поткупувањето на децата и барем малку да се приближи до својата декларативна заложба за одбрана на човековите права, бесрамно одработува теснопартиски интереси на СДСМ гасејќи ги пожарите со кои се самозапали раководството од Бихаќка.

Тоа што денеска се прави обид да се организираат протести во Струмица и Куманово, двете општини каде локалната власт е во рацете на СДСМ, повеќе од јасно кажува од кој Центар е диригирано наводното незадоволство на малата група средношколци и партиски активисти.     

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега