Пејачката по скандалот: Животот ми е во опасност

Поминаа неколку недели откако Неда Украден ја објави спорната фотографија со покојната Уснија Реџепова, а  критиките кон пејачката сè  уште не стивнуваат.

- Јас сум некој што на омраза не одговора со омраза. Во мојата писмена изјава доволно кажав. На сите тие што имаат темни мисли и негативно го протолкуваа моето однесување јас не можам да им помогнам. Извлеков поука од сето ова. Веројатно никогаш веќе нема буквално ништо да коментирам. Се чувствувам многу загрозено, не сум сигурна во мојата безбедност, но нема на  никој да му се исповедам – изјавила Неда.

Иако се смее на фотографијата покрај нејзината пријателка што лежи во болничка постела, Неда  сè уште тврди дека имала само добра намера кога на овој начин се простила од долгогодишната пријателка и колешка.

- Тоа беше само збогување од колешката и пријателката, која ја познавав 40 години – заклучила пејачката.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега