Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа 23 Октомври

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба вечерва го одбележа 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба со “Вечер посветена на хероите”.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ оддава особена почит кон ликот и делото на сите оние кои го имаат положено својот живот за слободата на Македонија. 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба треба да е ден за обединување на Македонскиот народ, ден на кој треба да се потсетиме за жртвата на големот број на Македонци кои го дадоа животот за остварувањето на вечниот идеал на македонскиот народ за сопствена држава, рече Даниела Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

aaaaa1.jpg-500

aaaaaa.jpg-500

Вечерта посветена на хероите беше збогатена со голема културно – уметничка програма со изведба на песни за хероите од Ансамбл Македонија како и со монодрамата Султана и со настап на Културно уметничкото друштво Јонче Христовски.

zeni.jpg-500

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега