Снимателката која го сопна бегалецот ќе го тужи и него и Фејсбук!

Снимателка Петра Ласло, од Унгарија која сопна и удири бегалец, најавува дека ќе го тужи Фејсбук, но и едно од лицата кое го шутирала.

Својата намера ја објавила во интервјуто со рускиот весник Известија, тврдејќи дека популарната социјалната мрежа не ги отстранила негативните и заканувачките пораки против неа, туку само ги забранила групите кои на Фејсбук биле создадени за да ја поддржат нејзината акција.

Петра Ласло планира да го тужи и Осама Абдул Мохсен, 52-годишниот бегалец од Сирија, поради "прашање на честа", обвинувајќи го Мохсен дека го сменил исказот, што довело до негативни реакции против неа.

-Тој ја променил изјавата откако најпрво ја обвинил полицијата. Мојот сопруг сака да ја докаже мојата невиност, објаснила Ласло.

Таа рекла и дека постои можност со семејството да се пресели во Русија, бидејќи често се чувствуваат загрозени и се плашат да излезат надвор.

Мохсен по минатомесечниот инцидент се вработил во Шпанија, во националната академија за фудбалски тренери.

Унгарската снимателка по објавувањето на спорната снимка добила отказ од ултранационалистичката телевизија N1TV,  која оценила дека таа се однесувала неприфатливо.

Петра Ласло се извинила по инцидентот, велејќи дека се исплашила кога бегалците почнале да трчаат кон неа, но и демантирала дека инцидентот бил поврзан со расизам.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега