Повредените во Хомс умираат поради недостиг на медицинска опрема
Повредените во судирите меѓу бунтовниците и армијата во сирискиот град Хомс умираат поради недостиг од медицинска опрема, соопшти денеска Сириската организација за заштита на човекови права, со седиште во Лондон.
- Армијата во изминатите 11 денови константно ги бомбардираше бунтовничките упоришта во Хомс, што дополнително ја влоши веќе критичната хуманитарна ситуација во градот. Непознат број на бунтовници и цивили повредени во текот на последните денови починаа поради недостиг на медицински средства за нивно лекување, изјави директорот на Организацијата, Рами Абдел Рахман.
Стариот дел на Хомс и населбата Калдијех се под опасада на армијата повеќе од една година, а од крајот на јуни се изложени на постојано бомбардирање.