Германија со силна поддршка за Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со амбасадорката на СР Германија во Република Македонија, Н.Е. Кристине Алтхаузер.

Генералот Величковски искажа благодарност до СР  Германија за поддршката на евроатланската интеграција на Република Македонија, како и за заложбата за прием на нашата држава во НАТО.  НГШ на АРМ ја истакна одличната меѓуармиска соработка помеѓу АРМ и Германскиот Бундесвер, каде во високите воено-образовни институции се школувале над 150 припадници на АРМ, како и извршувањето на задачите на припадниците на АРМ заедно со припадниците на Германскиот Бундесвер, на северот од Авганистан во состав на регионалната команда во Мазар Ел Шариф.

Амбасадорката Алтхаузер нагласи дека соработката во областа на одбраната е од исклучителна важност за двете држави и дека во иднина таа ќе се проширува низ нови форми, при што уште еднаш беше потврдена поддршката за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

На средбата присуствуваше и Одбранбеното аташе на СР Германија за Република Македонија, потполковник Гвидо Алтендорф кој оваа функција ја обавува од Тирана

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега