Ужас: Мајка си го турнала синот под воз

Единаесетгодишно момче  претрпело тешки повреди на двете нозе откако неговата мајка го турнала под воз во Хамбург.

Мајката (31) е најверојатно психички растроена, стои во соопштението на полицијата, откако беше уапсена жената.

Инаку, екипата за итна помош морала рачно да го помести возот за да го ослободи детето. Лекарите и пожарникарите изјавиле дека детето било свесно целото време и покрај тешките повреди.

Полицијата отворила истрага за обид за убиство, но не се знае како е дојдено до тоа сознание – на основа на видео снимките или изјави на очевидците.

Мајката е задржана во психијатриска болница.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега