Детали за убиството во Гостивар: Зошто мжот ја уби со секира својата сопруга - медицинска сестра

Со секира влегол во спалната соба и ја убил својата сопруга. Страшна слика затекнале истражителите кои утрово во раните часови дошле на увид во семејната куќа на 49 годишниот возач во гостиварско Врапчиште.
Безживотното тело на неговата сопруга лежело во спалната облеано во крв. Убиецот делото сам го пријавил во полиција но се уште нема информации кои се причините што мажот, кој инаку важел за пријатен и мирен човек го натерале на овој чекор.
Врапчиште и Гостивар се во шок. Оние кои го познавале брачниот пар велат дека станувало збор за луѓе кои често се дружеле со своите пријатели и живееле сосема нормален живот. Мажот бил возач а жената вработена како медицинска сестра. Биле почитувани во средината а соседите не слушнале за проблеми во нивната куќа.
И двајцата биле од македонска националност.

На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и криминалистичка техника. Јавниот обвинител издал наредба за вршење обдукција. Истрагата продолжува во насока на расветлување на настанот.​​ 

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега