Јолевски-Стефансон: Развојот на родовата рамноправност приоритет за Македонија и Шведска

Македонија и Шведска ги споделуваат современите вредности како мирот, демократијата и еднаквоста. Заеднички ги поддржуваат и напорите за етаблирање на овие вредности на светско ниво, особено во проектот за родова еднаквост и рамноправност, кој е приоритет за Шведска во процесите за воспоставување на мирот и обнова на кризните региони. Република Македонија и Министерството за одбрана во овој процес имаат исклучителен напредок и се едни од предводниците.

Ова го заклучија министерот за одбрана, Зоран Јолевски и амбасадорот на Шведска во Македонија, Мац Арне Стефансон на денешната средба во Министерството.

Како што соопшти денеска МО, министерот Јолевски и амбасадорот Стефансон разговарале и за можноста за заедничка организација на семинар посветен на родовата рамноправност и резолуцијата 1325 на ООН.

- Ние сме целосно посветени на ова прашање и за нас рамноправноста на половите е приоритет. Тоа може да се види и преку застапеноста на женскиот пол на Воената академија, а неодамна во рамките на Армијата ја имаме и правата жена-пилот, рекол министерот Јолевски.

Амбасадорот Стефансон посочил дека резултатите на Македонија во оваа област се видливи, што е и поттик за идејата овој семинар да се одржи токму во Република Македонија.

На средбата биле разменети мислења и околу модалитетите за развој на меѓусебната соработка, како и за геополитичката состојба во регионот и Европа и мигрантската криза која го зафати континентот.

 

 

Оцени ја веста

19.10.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега