Ќе се освети црквата „Света Петка“ во Точила

Општина Прилеп Ве поканува да бидете дел од големото осветување на црквата   „Св. Петка“ во населбата Точила.  

Во петок (23.10.2015) во 17 часот ќе започне вечерната богослужба, а еден час подоцна духовната академија.

Во сабота наутро во 7 часот е утрена богослужба со Божествена Архиерејска литургја и осветување на храмот. 

 

Со чинот на осветување ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско–новозеландски г. Петар и Епископ Хераклејски г-дин Климент, по што ќе следува и свечена литургија, а настанот ќе заврши согласно верските традиции со свечена трпеза на љубовта.

 

 

Оцени ја веста

19.10.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега