Страшна несреќа: Работник паднал од шест метри, итно донесен во Скопје

 Несреќа ја потресе Македонија. 46-годишниот А.А. од Копанце се здобил со сериозни повреди на главата откако паднал од висина од шест метри додека работел на куќа на жител од Ратае. Како што јави МИА, несреќата се случила вчера околу 13 часот додека А.А. со електрична дигална спуштал празна количка со која претходно пренесувал бетон. Таа во еден момент се откачила и заедно со количката тој  паднал од вториот кат на објектот од околу  шест метри  во дворот, по што веднаш бил однесен во болница во Тетово, а поради сериозноста на повредите е пренесен и на скопските Клиники.

Полицијата презема мерки за целосно рсветлување на сите поединости поврзани со причините и другите околности околу паѓањето на работникот.

 

 

 

Оцени ја веста

19.10.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега