Американски тинејџер смисли начин за откривање пијани возачи

Оценката дека оние кои возат под дејство на алкохол не го загрозуваат само нивниот живот, туку и на сите други во сообраќајот, го поттикна младиот Американец од индиско потекло Кришна Реди на интересна идеја, чија цел е намалување на бројот на сообраќајни несреќи на патишата.

Имено, реди изуми апарат кој покажува дали возачот е под дејство на алкохол или дрога врз основа на тоа колку неговите очни зеници се проширени.

Реди со оваа замисла е еден од десетте финалисти на натпреварот на Дискавери за млади научници. Освен што би можел да добие награда од 25 илјади долари, тој  би можел да спаси и голем број животи.

Зениците се чувствителен дел од окото и реагираат на светлина. При светлина зеницата станува помала, додека потемниот простор се шири. Кога е во прашање алкохолот, зеницата се намалува, додека при користењето на опијати како ЛСД, кокаин и други дроги, зеницата се шири.

Импровизираниот апарат кој тоа го отчитува, младиот научник го направи од три работи - дигитална камера, рачна батерија и ролна тоалетна хартија.

Работата е многу едноставна. Батеријата треба да се доближи до окото, а ролната хартија го насочива зракот директно во зеницата. Камерата го снима сето тоа и едноставно може да се види како зениците се зголемуваат и намалуваат.

Реди смили и посебен софтвер кој ги мери сите промени на зеницата, а се смета дека апаратот може да ги отчитува рефлексите на возачот и на тој начин да влијае на сигурниот сообраќај, пишува „Бизнис Инсајдер“.

 

 

Оцени ја веста

19.10.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега