Тејлор Свифт најдобро платена пејачка во светот
Тејлор Свифт е најдобро платена пејачка во светот во 2015 година со дневна заработувачка од повеќе од еден милион долари, објави британскиот „Дејли Мејл“.
Така, 25-годишната ѕвезда оваа година заработила повеќе од 317 милиони американски долари, благодарејќи на последниот хит албум, светската турнеја и многу други успешни бизниси.
Свифт пред една година го издаде петтиот студиски албум, кој во меѓу време е продаден во повеќе милиони примероци, а дел од песните се најдоа на првите места на музичките топ листи во повеќе земји во светот.
Во најновата светска турнеја, Тејлор одржа 85 концерти, а само на пет од нив биле продадени 149.708 влезници со што заработи 16.8 милиони долари.
Паралелно со музичките успеси, таа промовираше и три парфеми во соработка со козметичкиот гигант „Елизабет Арден“ и потпиша договори за рекламни кампање за диеталната „Кока Кола“ и за чевлите „Кедс“.
Оваа година Тејлор се најде и на 64 место на листата на „Форбс“ на највлијателни жени. Истото списание предивде дека до 30-иот роденден таа ќе биде милијардерка и дека со текот на времето ќе стане една од најбогатите жени во светот.
Свифт и нејзиното момче Келвин Харис истовремено се најдаа и на самиот врв на листата на „Форбс“ на двојки со најголем профит оваа година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа