До септември затворен Музејот на современа уметност

 

НУ Музеј на современата уметност е затворен за посетители поради реновирање.

Директорката на Музејот, Елиза Шулевска за МИА изјави дека санацијата на галерискиот простор е во тек и оти се на средина на втората фаза.

- Очекувам дека во септември Музејот ќе биде отворен со постојаната поставка после 23 години и со неа ќе биде опфатен целиот негов простор. Музејот на современата уметност ќе добие нов лик, додаде Шулевска. 

ФОТО: Таратур

најчитано сега