Аневски: Ова е невиден притисок врз Советот на обвинителите

Ако е точна информацијата дека четирите партии бараат од мене и од Советот на јавните обвинители да ги избереме седумте обвинители од тимот на Катица Јанева, а кои не ги избравме минатиот пат, тогаш тоа ќе биде невиден притисок врз овој орган. Ова вчера го изјави Петар Аневски, претседателот на Советот на јавните обвинители, за дневниот весник Дневник.

Засега како што самиот тој вели не е запознаен детално за писмото кое го испратиле четирите најголеми партии потписнички на договорот од Пржино. Истото беше пратено по иницијатива од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, и во истото се бара Советот да е состане и да ги избере имињата на обвинителите, нешто за кое што минатиот пат не успеаа да го поминат филтерот со цел да се комплетира тимот на Катица Јанева, специјалниот обвинител.

Со цел да се избегне било каков сомнеж за некаков си притисок, париите писмото формално ќе го испратат на министерот за правда, Аднан Јашари.

Тој треба да го препрати до Советот на јавните обвинители и до Уставниот суд, од каде пак треба што побрзо да се изјаснат дали Законот за специјалнотообвинителство е уставен, откако претохдно до него беше поднесено барање за утврдување на уставноста на законот.

„До пладне никој не ми се јави, најмалку министерот за правда така што за утре немаме закажано седница. Можеби ќе се јави изутрина, на почетокот на работниот ден за да ме информира. Но јас не знам како ќе постапиме за тоа што се бара од нас. Ова е невидено во нашата досегашна практика. Некој сака на мускули да го истера тимот на обвинители да биде избран како што го предложила Јанева иако ние искажавме аргументи зошто седумте останати обвинители не се избрани“, посочи Аневски.

Досега пракса било да Советот на членовите им биде оставен вакум од тридневен период за да се подготват за седниците, а претседателот засега не знае дали денеска нема да се случи и да след барањето на седницата да биде одржана итно.

„Не знам како јас ќе се изјаснам, ниту, пак, како ќе се изјаснат останатите членови на Советот кога ќе требаме да гласаме за истите луѓе кои на последната седница не сме ги избрале. Тогаш дадовме аргументи за нивниот неизбор. Сметаме дека не може во нејзинит тим да бидат оние обвинители што имаат конфликт на интереси и кои веќе постапувале во кривичниот случај „Пуч“. Освен оваа, ние го определивме бројот на нејзини обвинители на седум оти сметаме дека тоа е доволно. Ако во иднина излезе потребата за дополнителни, ние сме подготени да извршиме избор и на нови. Седум обвинители се доволни за почеток“, вели претседателот на Советот.

Засега како што посочи тој, Основното обвинителство за организиран криминал почнало да работи во една канцеларија со седум обвинители.

Ова барање од страна на четирите партии, се појави откако опозициската СДСМ реши да се откаже од преговорите се додека не биде избран целиот тим на специјалниот обвинител.

Со ова се врши нов политички притисок што се прави кон правното постапување околу истрагите што треба да се направат за случаите со прислушкувањето, кое беше дело објавено од страна на опозицијата на чело со лидерот Зоран Заев.

Амбасадата на САД и делегацијата на ЕУ во државата ден пред седницата го упатија барањето до Советот на јавните обвинители за да ги избере имињата на помошници на Катица Јанева.

„Од суштинска важност е да Советот на јавните обвинители ја извршат својата улога во согласност со законот за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да ги именува тимот на г-ѓа Јанева за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат независно и без да трпи каков било облик на политички притисок“, стои во соопштението од двете странски претставништва.

Дополнително се објаснува дека и ќе ја финансираат Јанева нудејќи и обуки за тоа како истражителите и обвинителите на специјалната обвинителка ќе треба во иднина да ги истражува снимките и материјалите од незаконското прислушување.

 

Совотот на јавните обвинители, како што е познато, е независно регулаторно тело од правосудната област, кое според Уставот на Република Македонија и стандардите на меѓународната демократија, треба да биде независни и истото во никој случај не смее да биде изложено на какви било надворешни влијание, од политичките партии и странските амбасади.

Извор: Дневник

 

 

 

Оцени ја веста

18.10.2015 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега