Катица Јанева: Не сум го запознала Мијалков

Специјалната јавна обвинителка во интервју за порталот Призма ги демантира пишувањата на соросовите портали кои тврдеа дека Јанева и екс дирекотрот на УБК се запознале во еден скопски ресторан.

„Ноќното излегување не е типично за мене. Кој ме познава ќе го потврди тоа. Можете да ме најдете во пет часот наутро како работам или да ме сретнете да пешачам, но никогаш нема да ме видите по полноќ во угостителски објекти. Не го познавам Мијалков и не е точно дека сум се сретнала со него“, изјави Катица Јанева за Призма.

За потсетување соросовите портали во почетокот на овој месец пишуваа дека странците на Мијалков му забраниле да и се приближува на Катица.

 

 

Оцени ја веста

18.10.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега