ФОТО: Силен тајфун ги погоди Филипините - куќите срамнети со земја

Тајфунот Копа го погоди северниот дел на Филипини и предизвика бранови со видина до четири метри. Нема струја, а без кров над главата останаа 10.000 луѓе.

Куќите се сремнети со земја, струјната мрежа е целосно уништена, а голем дел од луѓето се евакуирани, пренесе BBC.

Тајфунот ќе донесе најмалку три дена силен дожд, а се очекуваат и поплави. Ветрот дува со брзина од 250 километри на час, а Копа се движи многу бавно.

Според досегашните информации, за среќа, нема повредени.

Инаку во 2013 година тајфунот Хаиан во Филипини однесе 6.300 животи.

 

 

Оцени ја веста

18.10.2015 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега