Сопругата на Ноле ја откри тајната за здрав живот

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена најдобро знае дека храната е темел за доброто здравје. Со оглед на тоа дека Ноле не сака да прима глутен, и двајцата внимаваат со што се храната.

Јелена на својот Инстаграм профил објави фотографии од својот ручек со која ги заинтригира обожавателите, кои ја замолиле да им напише повеќе за нејзината исхрана.

„Мојот ручек - ореви, овошје, зеленчук, масло. Многу хранливо и полно со енергија. Тоа значи дека нема да паднам во кома поради храната и ќе можам да работам без да ми се спие. Тоа е многу важно ако денот ти започнува во 6 сабајле (фала ти Стефан!). Сите знаеме како изгледа екстремна болест, но знае ли некој како е да се изгледа екстремно здарво? Верувам дека тоа доаѓа од храната која ја јадиме, вежбањето, луѓето со кои сме опкружени и позивитните мисли“, напиша Јелена на Инстаграм.

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега