Андонов: СДСМ води непоштедна борба дури и против националните и безбедносните интереси на Македонија

Имајќи предвид дека се работи за состојби кои имплицираат загрозување на националната безбедност и на двете држави, а лидерот на СДСМ, како и неговото раководство не се до тој степен незапознаени со значението на националната безбедност, тогаш нетреба да зборуваме за дипломатски скандал како резултат на грешка или недај Боже недоветност, туку се работи за перфиден обид да се обезбедат банални информации за сопствени партиски потреби на СДСМ без разлика на штетата која ќе се нанесе на сопствената држава и притоа во тоа да се вмеша странска држава.

Имајќи предвид дека се работи за состојби кои имплицираат загрозување на националната безбедност и на двете држави, а лидерот на СДСМ, како и неговото раководство не се до тој степен незапознаени со значението на националната безбедност, тогаш нетреба да зборуваме за дипломатски скандал како резултат на грешка или недај Боже недоветност, туку се работи за перфиден обид да се обезбедат банални информации за сопствени партиски потреби на СДСМ без разлика на штетата која ќе се нанесе на сопствената држава и притоа во тоа да се вмеша странска држава.

Вакa универзитетскиот професор Оливер Андонов  од безбедносен аспект го коментира дипломатскиот скандал предизвикан од лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој изби откако израелскиот министер за внатрешни работи целосно го разобличи Заев за неговите лаги искажани деновиве во јавноста.

Андонов смета дека кога станува збор за предизвикување на дипломатски скандал, тоа е сторено со самата цел на одењето на Заев во Израел. Всушност тој не заминал таму за да ги развива меѓудржавните односи и да ја засилува позицијата на државата без разлика која политичка партија е на власт во Македонија и воедно и позицијата на СДСМ како сериозна партија, туку заминал да направи притисок врз највисоките претставници на Израел за да ја постигне својата цел за уривање на владата на Република Македонија по секоја цена.

-Токму таа цена или немањето сенз за однесување во меѓународните односи и обидувајќи се да ги уцени израелските државни претставници преку објавувањето на строго доверливи безбедносни информации покажа колку е чувствително однесувањето во меѓудржавните односи по сите прашања. Лично сметам дека ова е повеќе скандал и срам за Заев кој ја отсликува неговата нетактичност и незнаење во однесувањето кон прашања кои се однесуваат на клучни безбедносни прашања и на Македонија и на Израел, а може да имаат импликации кон регионалната безбедност, вели Андонов.

Професорот додава дека во прв ред имаме импликации кон националната безбедност на Израел преку објавувањето на идентитетот на оперативци на МОСАД и објавување на содржината на некои безбедносни прашања, а потоа и импликации врз националната безбедност на Македонија.

-Доколку овие безбедносни импликации и изнесување во јавноста на информации поврзани со соработка помеѓу безбедносните служби на Израел и Македонија можеме да ги наречеме само дипломатски скандал тогаш и да разбереме дека можеби дошло до недоразбирање блгодарение на неискуство или незнаење, но имајќи предвид дека се работи за состојби кои имплицираат загрозување на националната безбедност и на двете држави, а лидерот на СДСМ, како и неговото раководство не се до тој степен незапознаени со значението на националната безбедност, тогаш нетреба да зборуваме за дипломатски скандал како резултат на грешка или недај Боже недоветност, туку се работи за перфиден обид да се обезбедат банални информации за сопствени партиски потреби на СДСМ без разлика на штетата која ќе се нанесе на сопствената држава и притоа во тоа да се вмеша странска држава, смета Андонов.

Во тој контекст, додаба Андонов, и различните изјави покажуваат дека СДСМ води непоштедна борба дури и против националните и безбедносните интереси на Македонија кога е во прашање освојувањето на власта.

- Секако дека Израел воопшто не е наивен и да влезе во играта на СДСМ при која ќе си нанесе штета врз својата национална безбедност и својот углед во светот. Овој однос не е коректен пред се кон граѓаните на Македонија. Уривањето на националната безбедност и угледот на државата надвор пред се ќе има последици врз односот кон нашите граѓани кога ќе престојуваат надвор од Македонија и начинот н кој ќе бидат третирани. Потребно е СДСМ да се бори за своите идеи, но низ една нормална собраниска и демократска постапка истакнувајќи ги своите визии и цели за напредок на Македонија кои во исто време ќе ги потврди преку одговорно однесување во пракса, смета Андонов.

Професорот заклучува дека вака како што сега се случува, ниту СДСМ е сериозен, а уште помалку државотворен, ниту пак Македонија има корист од делувањето на опозицијата и тоа најголемата опозициска партија на овој начин.

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега