Седници на три собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата и за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР).

Предлог - буџетот на Република Македонија за 2016 година и Предлог - закон за извршување на буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка, во второ читање, се точките по кои ќе расправаат на денешното продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. 

На седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе се утврдува Предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави. На дневниот ред е и Предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември".

Активностите на Министерството за внатрешни работи превземени за имплементација на Препораките од групата на високи експерти за системските прашања за владеење на правото кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година и листата на итни реформски приоритети, е единствената точка за разправа на седницата на Комисијата за надзор над работата на УБК и на АР. 

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега