ВНИМАВАЈТЕ: Денеска може да имате болки - Биометеото неповолно

Oпшта слабост и чувство на тежина во главата може да предизвикаат утрово временските услови кај метеоропатите. 

Во претпладневните часови, пак, како што велат синоптичарите, можни се поинтензивни ревматски болки и изразени артритични промени. 

Навечер, кај поголем број луѓе е можна појава на главоболки, но и  болки во колената, грбот и на вратот.

Инаку, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб, а долж Повардарјето умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 17 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време. Во сабота во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Повеќе врнежи и пад на температурата се очекуваат од вторник.

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега