Премиерот Груевски со набиена агенда во Кисела Вода

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општина Кисела Вода.

Премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на нов училишен објект во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Во рамките на својата агенда, Груевски ќе оствари средби со жителите на селата Припор, Усје, Пинтија и Драчево, а потоа ќе изврши увид во градежните активности при изградба на единечен тениски терен во основното училиште „Кузман Шапкарев“ и ќе оствари средба со жителите на населба Драчево.

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега