Јанева контрадикторна: Очекувала да почне да владее правото, а таа до вчера го спроведуваше правото кое сега го напаѓа

Ако не владеело правото како што самата тврди, за каква правда Јанева работела, имајќи предвид дека изминатиот период исклучиво била посветена на обвинителството.

Веднаш по одлуката на Советот на јавните обвинители од СДСМ излегоа со став дека немало да дозволат Катица Јанева да работи со помал тим.  Настапот на СДСМ и по вокабуларот кој го користеа за време на соопштувањето на нивниот став, наместо аргументирање со факти се користеше одбрана со политички тези, јасно говори дека има координираност помеѓу СДСМ и Катица Јанева.

Имено, иако беше соопштено од самата Јанева дека единствено таа имала право да одлучува со кого ќе работи, одеднаш СДСМ одлучува со колку лица и со кого ќе работи специјалната обвинителка.

Оттука, не е важен ниту Советот на обвинители кој единствено е законски надлежен да го разгледува персоналниот состав на Јанева, туку според вака поставената логика само за тоа може да одлучуваат Катица Јанева и СДСМ.

Она што зачудува е тоа дека Јанева како долгогодишен обвинител наместо да говори со аргументи и да посочува членови од законските правила, таа реши како и Оливер Спасовски од СДСМ да прогласи дека договорот од Пржино не се почитувал,  што е политички договор, без да се задржи во кои сегменти не е испочитуван законот за специјалното обвинителство.

Таа во стилот на политичар изјави: "Очекувам еднаш засекогаш да почне да владее правото во Македонија..."

Катица Јанева е обвинител од 2003-та година и има искуство во обвинителството од 12 години. По ова се поставува дилемата ако не владеело правото како што самата тврди, за каква правда Јанева работела, имајќи предвид дека изминатиот период исклучиво била посветена на обвинителството.

Впрочем, ако немало почитување на правото, тогаш Јанева  е дел од истиот тој систем чиј составен дел била до пред половина месец, бидејќи обвинитлеството е најповикано да се грижи за обезбедување на почитување на правото.

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега