ФОТО: Ден за високи гости на вежбата „Македонски блесок“

Со демонстрирање борбени постапки и ситуации на припадниците на АРМ од четата на Воената полиција и ренџерската чета, кои беа дел од содржините за оценување на вежбата „Македонски Блесок-11”, денеска на Армискиот полигон „Криволак“ се реализира предвидената програма за Денот за високи гости.

Оценувањето се реализираше согласно Концептот за оперативни способности на НАТО (ОСС), а го спроведе оценувачки тим на АРМ, заедно со набљудувачи од различни команди на НАТО.

blesok2

 

На Денот за високи гости присуствуваа заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, претставници од Канцеларијата за врски на НАТО, асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

blesok1

Генерал-мајор Рацај нагласи дека вежбата „Македонски Блесок-11” е успешно реализирана и е постигната главната цел со успешното оценување на декларираните единици на Армијата на Република Македонија.

blesok3

- Вежбата „Македонски Блесок 11“ претставува уште еден голем успех на АРМ и потврда за исполнувањето на стандардите на НАТО, потенцира Рацај.

Во текот на вчерашниот ден на командирите на оценуваните единици им е соопштена позитивната оценка од спроведеното оценување согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, која е во согласност со прикажаната обученост на припадниците на единиците. 

blesok4

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега