Тодоров: Голем инвестициски циклус во здравството- фокус на инфраструктурата

Со големиот инвестициски циклус во здравството опфатени се поголем број на здравствени установи во Македонија, а фокусот е на здравствената инфраструктура, истакна министерот за здравство Никола Тодоров во Вестите на Сител.

Штипската болница е досега најголемиот проект кој што го имаме и кој е во тек, доставувањето на понудите е закажано за 14 октомври. На почетокот на наредниот месец ќе започнеме со реконструкција на Битолската болница- проект вреден околу 130 милиони денари. Во текот на наредната недела го објавуваме тендерот за изградба на Ургентен центар- Куманово, а исто така во средината на наредната недела ќе биде електронската аукција за реконструкцијата и доградбата на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Во завршна фаза е и градбата на Детската болница во Козле, до крајот на овој месец би требало комплетно да бидат завршени градежните работи и потоа да се отпочне со постапката за пуштање во употреба, веројатно ќе треба уште еден месец за тоа и исто така ПЕТ Центарот, тоа е исто така еден од крупните проекти во македонското здравство, инвестиција од околу 16 милиони евра и би требало да биде готов некаде до средината на месец ноември, по што отпочнува период на т.н. комисионирање кој би треал од 6 месеци до 1 година, потенцираше Тодоров.

Ресорниот министер истакна и дека со крупната набавка на значајната дијагностичка опрема ќе се влијае позитивно на намалување на листите на чекање, односно забрзување на дијагностичката продедура, која според него, е една од најзначајните за многу области во медицината.

Продолжува и доедукацијата на лекарите. -До сега, на едукација се испратени 1.890 здравствени работници, а наредната година ќе бидат испратени уште нови 1.000, информираше Тодоров.

 

 
 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега